Несекојдневна комбинација на бои: Новото појавување на Меган Маркл крие силна порака!

Погодете од кого добила инспирација за ова модно издание!

37-годишната војвотка го има истиот капут и во беж боја, а првпат го носела за првиот Божиќ што го поминала со кралското семејство во 2017 година

Војвотката Меган Маркл со сопругот принц Хари го посетила градот Биркенхед. Кралскиот пар посетил неколку локални хуманитарни организации, а за таа прилика Меган облекла несекојдневна комбинација на бои.

Стајлингот во виолетова и црвена боја бил изборот на Меган Маркл за посетата на британскиот град Биркенхед. Елегантниот виолетов фустан со шлиц од брендот Babaton by Aritzia го комбинирала со капот во интензивна црвена боја од канадскиот бренд Сенталер и со црвени потпетици, а додала и малку кафеава во форма на чантичка со потпис на Габриел Харст.

Војвотката има ист ваков капут во беж боја, а првпат го носела з апрвиот Божиќ што го поминала со кралското семејство во 2017 година.

Не можеме често да видиме комбинација на виолетова и црвена боја, но мора да признаеме дека добро изгледа. И црвената и виолетовата се силни бои, а виолетовата е всушност мешавина од црвена и сина, односно ги комбинира стабилноста на сината и енергијата на црвената боја.

Не е случајност тоа што Меган Маркл одбрала виолетов фустан, бидејќи токму таа боја симболизира благородништво, кралство, моќ, изобилство и амбиција.

Со виолетовата боја се поврзуваат мудроста, достоинството, независноста, креативноста, мистериозноста и магијата. Црвената привлекува најголемо внимание од сите бои, а симболизира енергија, страст, живот и љубов.

Но постои уште еден интересен детаљ што се крие зад изборот на оваа комбинација! Имено, изгледа дека Меган се инспирирала токму од покојната Лејди Ди!

https://www.instagram.com/p/BsnPL9CFBqN/?utm_source=ig_embed

И принцезата Дијана многу често можела да се види во оваа необична комбинација на бои! Таа отсекогаш важела за модна икона, а таа титула ја задржала и по нејзината смрт во 1997 година.

https://www.instagram.com/p/BspYVP2nJQv/?utm_source=ig_embed

Се чини дека стилистката на Меган сакала да ги освои срцата на јавноста со тоа што ќе ја облече по примерот на нејзината несудена свекрва.

Ако фрлите око на некогашните стајлинзи на покојната принцеза, ќе забележите дека сличноста навистина е преголема за да биде случајна!

https://www.instagram.com/p/BspNoDAnE2g/?utm_source=ig_embed

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.