„Згрбавена и стегната, се обидела да го спаси впечатокот со превисоки потпетици“: Сите ја коментираат Моника Белучи!

Новиот изглед на Моника Белучи

Италијанската филмска дива се појавила на Филмскиот фестивал во Рим во малку необично издание

Осумнаесеттиот по ред Филмски фестивал во Рим ги собрал познатите личности на едно место.

Бројни славни имиња прошетале на црвениот килим, но кога се појавила Моника Белучи (59), сите занемеле како и обично.

Рака под рака со филмскиот режисер Тим Бартон, италијанската филмска дива се упатила на премиерата на филмот Diabolik 3, во вртоглаво високи потпетици што многу жени не би можеле да ги износат, колку и да се навикнати на носење потпетици.

Друга тема на коментирање бил фустанот што Моника го одбрала за вечерта. Долгата тоалета до подот во темносива боја, со дискретен шлиц одзади и деколте што не ги открива градите туку дел од рамениците, имала такви исечоци што изгледало како актерката да се подгрбавила.

Многумина, исто така, коментирале дека италијанската филмска дива изгледа како да се здебелила и дека со фустанот и мидерот, што ѝ се оцртувал одоздола, се обидела да ги скрие ненадејниот вишок килограми.

Истото важи и за превисоките потпетици – многумина коментирале дека со нивна помош сакала да добие на висина и да ја издолжи ставата, за да изгледа послабо.

Позната по дискретниот, умерен и беспрекорен стил на облекување, Моника се одлучила за впечатлив ѓердан со дијаманти во неколку редови и за масивен прстен, како и за сива лакирана чантичка.

Сепак, најголемиот број коментари се однесуваат на безвременската убавина на познатата актерка. И овој пат се одлучила за едноставна фризура: рамно исфенирана коса и кркми кои немарно паѓаат на очите, како и дискретна шминка со суптилно нагласени очи.

Уште една промена е очигледна – препознатливата црна коса, актерката ја осветлила за неколку нијанси.

Како вам ви се допаѓа новиот изглед на Моника Белучи?

Како се вљубиле Моника Белучи и Тим Бартон? Тој ја оставил сопругата, а таа во „ѕверот“ нашла гениј!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.