Жените мислат дека ова е „ЗАБРАНЕТО“ парче гардероба ако имаат 50 или 60 години, но всушност изгледа врвно

Вистинско освежување на стилот е, му дава кул шмек и сепак е примерено.

Во светот кој е често поробен на теророт на младоста, не е лесно да се изгради специфичен, впечатлив стил ако припаѓате на жени кои имаат над 50 години. Но затоа има некои постари модни инфлуенсерки и трендсетерки, кои инспирираат со својот стил и покажуваат како да се облекуваат ефективно и тренди, а сепак да бидат соодветни за возраста. Една од најпопуларните age plus блогерки на Инстаграм е оригиналната Шпанка Пилар Де Арсе.

Пилар на Инстаграм ја следат над 700 илјади луѓе, а таа е страстен вљубеник во модата и секојдневно споделува интересни комбинации кои не е тешко да се копираат, а кои се идеален избор за сите дами во 50-тите и 60-тите години. Секако, тие можат да инспирираат и помлади или постари жени, во зависност од тоа какви парчиња сакате.

Педесет и шестгодишната дама сака класични парчиња како костуми, добри фармерки или деловни фустани, но исто така не се двоуми да проба нешто поинакво како лелеави фустани со препознатливи, привлечни принтови, јакни во барок-стил, свилени комплети, металик-панталони…

Но неодамна нѐ воодушеви со комбинација која покажува дека кожените панталони дефинитивно не се само за младите дами и дека можат да бидат фантастичен и освежителен избор и за позрелите жени. Пилар избра модел во црна боја и малку полежерен крој, а за да изгледаат соодветно на стилот на жените во 50-тите години треба да ги комбинирате со посериозни, елегантни парчиња.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pilar De Arce (@pilardearce)

Пилар овие панталони ги комплетира со светлосина кошула и феноменално струкирано сако со каро-дезен и црни чевли со ниска потпетица. Одлично, ефективно издание, кое привлекува внимание и не само што е одличен избор за работа туку можете да го носите и на ручек, убава пригода…

А ако изберете патики наместо штикли, се претвора во поурбана облека прикладна дури и за на кафе со пријателите!

Оваа дама дефинитивно е вистинска инспирација за одличен моден стил во 50-тите.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.