Заблескала во бело: Ева Лонгорија ги прошетала панталоните што многу дами ги одбегнуваат!

Не ѝ е гајле за висината!

Славната актерка воодушевила со модната комбинација на филмската премиера во Лос Анџелес

Ева Лонгорија (43) се појавила на премиерата на филмот „Miss Bala“, а за оваа прилика се одлучила за бела модна комбинација.

Имено, познатата актерка го прошетала црвениот тепих во бели панталони со широки ногавици кои со својата должина речиси ги покриле чевлите во беж боја. Горниот дел бил исто така во бела боја со предимензионирани ракави и чокер околу вратот. Кројот малку потсетува на стилот од 80-тите.

Модната комбинација ја надополнила со ситни обетки, посилна шминка и темен лак за нокти.

Модните експерти се согласуваат дека жените со пониска висина би требало да одбегнуваат ваков предолг крој на панталони, но актерката која е висока само 157 сантиметри сепак го одбрала она во коешто се чувствува пријатно.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.