Војвотка во црно: Меган Маркл најелегантна досега!

Едноставно, но ефективно!

Меган се огледала на нејзината јатрва Кејт Мидлтон и почнала со модна рециклажа

Ако сакате да бидете елегантни, одберете црно! До ова правило дефинитивно се држи и војвотката од Сасекс, Меган Маркл.

Таа го посетила универзитетот во лондонската општина Ислингтон, поради состанок со претставници на академската заедница и ги воодушевила сите присутни со својата едноставна, но ефективна модна комбинација!

Војвотката за оваа прилика одбрала наједноставна црна блуза, која ја искомбинирала со црно плисирано здолниште со нееднаков крој, а дополнителна нота на елеганција внела со совршено скроениот црн капут кој веќе го носела во ноември минатата година.

Закопчала само едно копче, што воедно е и единствениот детаљ што се истакнува на црната комбинација.

Со оваа целосно црна комбинација, Меган облекла беж салонки со висока потпетица, косата ја собрала во висок, уреден кок, а од накит носела само дискретни обетки.

Во екот на скандалот и озборувањата дека нејзината бременост е лажна и дека нејзиното и бебето на Хари на свет ќе го донесе сурогат мајка, Меган насмеано и гордо покажала една од најелегантните модни комбинации досега! Ви се допаѓа нејзиниот избор?

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе