Утка или смелост: Сара Џесика Паркер прошетала низ Њујорк во необична комбинација!

Што мислите?

Последниве неколку месеци Сара Џесика Паркер нè почести со неколку фантастични модни комбинации, но дали и сега тоа е случајот?

Сара Џесика Паркер има свој стил. Не ги следи слепо трендовите, а многу трикови собрала уште кога соработувала со познатата стилистка Патриша Филд во култната серија „Сексот и градот“. Но, дали нејзиниот слободен стил секому му се допаѓа? Најверојатно не.

Па така, вчера Сара Џесика Паркер прошетала во многу чудна комбинација која ретко кој би се осмелил да ја облече. Дали станува збор за специфичен њујоршки стил или апсолутна утка? Пресудете вие!

Леопардскиот капут во комбинација со фустан со необичен дезен, необични розови хеланки и сребрени чевли со шнола украсени со кристали, кои ги потпишува токму таа, ги оставил верните обожаватели во недоумица.

Таа има самодоверба да носи смели парчиња, но дали ова издание е успешно или не, проценете сами.

Необичен моден избор: Сара Џесика Паркер го најави водечкиот тренд за есен/зима (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.