Необичен моден избор: Сара Џесика Паркер го најави водечкиот тренд за есен/зима (ФОТО)

Дали би облекле ваков фустан?

Сара Џесика Паркер од својата улога во популарната серија „Сексот и градот“ е синоним за модна икона и со секое свое појавување донесува нов моден тренд. Овој пат, Сара низ улиците на Њујорк прошета во смело модно издание.

Раскошниот виолетов фустан го искомбинира со пинк чевли на висока потпетица. Овој есенски аутфит го износи беспрекорно и никому не му пречеше што во сивите денови внесе интензивни бои.

 


Станува збор за раскошен плетен фустан од волна, кој потсетува на топло ќебенце во кое би се завиткале во текот на студените денови. Сепак, дури и ова необично модно парче, славната Кери Бредшо го направи задолжително за сезоната есен/зима.

Фото: Инстаграм, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.