Се посрамотила за сите пари: Таа е прогласена за најлошо облечена жена на доделувањето „оскари“!

Моден кикс

Оваа актерка е најголемото разочарување на годинешното доделување „оскари“

Не престанува да се зборува за актерката Кери Мулиган и нејзината модна комбинација, но причината не е воопшто позитивна. На годинешното доделување „оскари“ прошетала во тоалета што не успеала да ја воодушеви ниту публиката ниту модните експерти.

Во морето раскошни тоалети, таа се издвоила, но како пример како не треба да се облечете за овој престижен настан.

„Златно балско здолниште и минијатурен топ се апсолутно лош избор“, коментирал еден од модните експерти.

Иако критиките само се нижеле, се чини дека тоа нејзе воопшто не ѝ пречeло, па гордо позирала и не ја симнувала насмевката од лице.

Она што многумина го пофалиле е нејзината фризура и шминка, кои биле беспрекорни и во согласност со пригодата.

„Токму како што треба да изгледа една филмска ѕвезда. Да одбереше и добар фустан, тоа ќе беше полн погодок“, едногласно заклучило модното жири.

Фустан 2 броја помал што воопшто не ѝ ласка на фигурата: Целиот свет ѝ се смее на оваа актера поради изборот на креација
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.