Само Анџелина може да го облече ова: Здолниште што визуелно го намалува струкот, а ретко може да се види на црвениот килим!

Како ви се допаѓа?

Предимензионираните макси-здолништа се ретка глетка на црвениот килим, особено за големи настани како што е британската премиера на новиот филм на Марвел, Eternal со Анџелина Џоли во една од главните улоги

Режисерката се појавила пред кино-салата во Лондон во грандиозна верзија на женски деловен костим, составен од предимензионирано црно здолниште до подот, кое го споила со бела блуза и црно сако. Станува збор за комплет со потпис на италијанската куќа „Валентино“, чии парчиња обично обожава да ги носи, како за свечени, така и за приватни пригоди.

Најголемо внимание привлекувало макси-здолништето на Анџелина кое било толку долго што целосно ги сокрило нејзините обувки. И покрај тоа, славната убавица се движела без никакви проблеми на црвениот килим пред многубројните обожаватели.

А кројот на здолништето визуелно го намалил струкот на славната дама, особено во комбинација со струкираната блуза и сако. Тоа е комбинација што навистина ретко се гледа на црвениот килим.

Анџелина Џоли на премиерата се појавила со своите најдобри пријатели, децата Шајло, Захара, Вивиен, Медокс и Нокс.

Како ви се допаѓа ова издание на прекрасната актерка?

Ако се прашувате како изгледа софистициран сексапил, Анџелина Џоли го има одговорот (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.