Мадона повторно го шокира светот: Дали ова е најбизарниот потег на кралицата на поп-музиката досега?!

Се надминала себеси!

Ако некој знае да привлече внимание, тогаш тоа е таа!

Мадона во последно време е во центарот на вниманието поради фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи, но и бизарното однесување. Неодамна, гостувајќи во емисија го покажала својот задник, а потоа продолжила да шокира со фотографиите на кои не личи на себе поради употребата на Фотошоп.

Токму кога мислевме дека сѐ сме виделе, таа повторно изненадува.

Поради фотографиите за магазинот V, обожавателите ѝ порачуваат да се прибере и дека нејзиното однесување е сѐ побизарно. Имено, таа позирала како Мерилин Монро, а на една фотографија дури и ја рекреирала сцената од смртта на најпопуларната русокоса на светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by V Magazine (@vmagazine)

Мадона на едната фотографија лежи на кревет со лицето свртено кон ѕидот, а на ноќната масичка се гледаат шишиња со таблети. Оваа фотографија, очекувано, привлекла најголемо внимание, а многумина се згрозиле поради темата на споменатата фотографија.

Освен овие неочекувани фотографии што се рашириле низ светот со брзина на светлината, јасно е дека сите други фотографии биле премногу обработени, па и тие станале тема на расправа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

„Да не знаев дека станува збор за Мадона, никогаш не би ја препознала. Жено, прибери се. Зошто толку Фотошоп?“

„Ова е морничаво“

„Разбирам дека сака да привлече внимание, но ова е премногу“, се само некои од коментарите на нејзините обожаватели.

Мадона излегла на улица и публиката занемела: Изгледа дека сепак не е девојка со нејзините 63 години?!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.