Го изгубил животот две недели пред неговата венчавка: По 28 години молчење, се огласила и свршеницата на покојниот Брендон Ли!

Елиза Хатон

Првпат откако пред цели 28 години на снимањето на филмот The Crow, нејзиниот тогашен свршеник, холивудскиот актер Брендон Ли, го изгубил својот живот во несреќни околности, се огласила и Елиза Хатон, а поттик за нејзиното појавување бил сличниот настан на филмскиот сет во кој учествувал Алек Болдвин

Откако светот се шокираше поради несреќата на филмскиот сет на Rust, во која Алек Болдвин ја усмртил снимателката Халина Хачинс и го ранил режисерот Џоел Соузе, многумина се потсетија на сличниот настан пред 28 години, кога на снимањето на филмот The Crow, на сличен начин загина и синот на легендарниот Брус Ли, актерот Брендон Ли.

Тој го изгубил животот во март 1993 година, само две недели пред неговата венчавка со Елиза Хатон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @movieverse

Денес, 57-годишната Елиза проговорила за тоа и рекла дека настанот во Њу Мексико е уште една трагедија што можела да се одбегне.

„Пред 28 години бев скршена од шок и тага поради загубата на љубовта на мојот живот, Брендон Ли. Сѐ беше толку бесмислено. И сега ме боли срцето поради сопругот и синот на Халина Хачинс, но и поради сите оние што останаа по трагедијата што можеше да се одбегне. Ги повикувам оние што се на позиции да направат промени и да разгледаат алтернативи за користење вистинско оружје на филмските сетови“, рекла Елиза Хатон, која оваа недела и на својот приватен инстаграм-профил објавила фотографија со саканиот Брендон, фотографирана во октомври 1992 година во Венеција, откако се свршиле.


Двојката планирала да се венча на 17 април 1993 година, но трагедијата променила сѐ.

Пресврт во случајот на Алек Болдвин: Овој човек е виновен за смртта на Халина Хачинс?!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.