Првиот моден пораз на Меланија Трамп: Немала шанси покрај првата дама на Полска!

Деловен стил против дамски!

ФОТО: EPA / Shawn Thew

Уште еден феноменален моден дуел

Американскиот претседателски пар Меланија и Доналд Трамп ги угостиле во Белата куќа претседателот на Полска, Андреа Дуду и неговата сопруга Агата Корнхаус Дуду.

За оваа прилика првата дама решила да направи пауза од фустаните, па разиграните летни парчиња ги заменила со совршено скроено одело во најнежната нијанса на розова боја.

ФОТО: EPA / Shawn Thew

Комплетот што го потпишува познатиот Келвин Клајн се состои од благо струкирано сако со ефектни беж копчиња и панталони со широка ногавици и бела линија покрај страничниот шев.

Со розовото одело убавата Словенка искомбинирала едноставна бела кошула, а што се однесува до обувките, овој пат одбрала бели салонки со висока потпетица со потпис на славниот Маноло Бланик.

ФОТО: AP / Evan Vucci

Од друга страна, првата дама на Полска знаеле дека ќе се сретне со модна икона, па добро се приготвила.

ФОТО: EPA / Shawn Thew / Pool

За средбата со американскиот претседателски пар одбрала интересен црно-бел фустан со А-крој и ремен што го нагласувал нејзиниот тенок струк.

Со фустанот обула едноставни удобни црни салонки на потпетици со средна висина.

ФОТО: EPA / Shawn Thew

Чиј стил ви се допаѓа повеќе? На Меланија или Агата?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.