Пораката што тенисерката му ја испрати на фудбалерот ги разнежи обожавателите на популарната спортска двојка
Емотивна честитка
Вчера беше одбележан меѓународниот Ден на татковците, а тенисерката Ана Ивановиќ со емотивна порака му го честита празникот на својот сопруг Бастијан Швајнштајгер.
Ана, која е повторно во блажена состојба, објави фотографија на која бившиот фудбалер во количка го вози нивниот наследник Лука.
Честит Ден на татковците на прекрасниот и сакан татко. Идната година ќе биде двапати попосебен“, напиша тенисерката, која во почеток на иднината година ќе го роди второто дете.
View this post on Instagram
Happy Father’s Day to such a wonderful and loving dad💗! Next year it will be twice as special 👪👶🏼!