Нејзиниот моден стил не е нејзин избор: Таа нема право да ја избира својата облека!

Се шушка

Моделот Кендал Џенер има само една желба – да побегне од славата на своите постари сестри Кардашијан и сама да си изгради имиџ

Помладата сестра на Ким Кардашијан, Кендал Џенер (25), е познат модел и една од најбараните манекенки на новите генерации. Благодарение на мајка ѝ Крис Џенер, која им е менаџерка на сите ќерки, Кендал ги има носено најголемите модни брендови на светската модна сцена.

Со желба да се издвои и да побегне од сенката на славните сестри, Кендал е сè што тие не се. Се зборуваше дека е лезбејка, затоа што никогаш се нема појавено со момче во јавност.

Се зборуваш дека ги продолжила нозете со оперативни методи за да се занимава со моделство, но таа зборуваше дека за нејзината висина, заслужна е генетиката. Нејзин татко е Кејтлин Џенер, некогашен славен спортист.

Кендал, исто така, никогаш нема подлегнато на разубавување со оперативни методи, па за разлика од својата помлада сестра Кајли, сè уште има природни усни, гради и задник.

Меѓутоа, единственото нешто на коешто не може да влијае е модниот стил. Како еден од најплатените модели, Кендал мора да го облече она што ѝ го плаќаат, без разлика дали е на писта или дома, во хотел или во ресторан.

Кендал го облекува она што модните дизајнери ѝ го диктираат. За сега, тоа не ѝ пречи, сè додека редовно ѝ пристигнуваат пари на сметка.

Кендал Џенер прошета во најкратката маичка што сте ја виделе досега (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.