Најлошите трендови од 2000-те се враќаат во мода: Зошто?!

Големо враќање

Само некои трендови и понатаму ни се допаѓаат

Кога ќе се присетиме на некои модни трендови, честопати ни е тешко да разбереме како сме можеле да им се восхитуваме. Но модната индустрија знае да изненади и да ги врати токму тие трендови за кои сме мислеле дека засекогаш останале во минатото.

На пример, 12-те омразени трендови од почетокот на 2000-те, оваа година се враќаат во мода!

1. Горе русо, долу црно

Ваквото бојосување на косата го обожаваат Кристина Агилера, Бритни Спирс и другите тогашни модни икони, а сега оваа заборавена техника ја испробуваат новите ѕвезди.

2. Портокалов тен

View this post on Instagram

find @maryphillips 😝

A post shared by Kendall (@kendalljenner) on

Верувале или не, и овој тренд се врати. Кендал Џенер повторно го носи.

3. Ултра-кратки шорцеви

Ако мислевте дека не може да биде полошо од портокаловиот тен, сега гледате дека може!

4. Сандали „велкро“

Удобни, мултифункционални, но ни малку убави и женствени. Сепак, ова лето ќе ги гледаме насекаде.

5. Венчиња

Ова ќе биде модниот додаток за коса број еден!

6. Винтиџ дезени

Ако ви досадиле монохроматските комбинации и облеката без дезен, само извлечете некој стар фустан од плакарот и решен проблем!

7. Многу широки панталони

Фармерките какви што ги носеа раперите во 2000-те повторно се во тренд.

8. Француски маникир

Последниве години владееја црвените и неутралните нокти, но класичниот префинет француски маникир сега повторно е број 1!

9. Кркми на страна

Можеме да му се радуваме на враќањето на овој тренд – ваквите кркми стојат добро речиси на секоја форма на лице.

10. Правоаголни очила

Помеѓу модните додатоци, апсолутен хит се правоаголните очила со стакла во светли бои.

11. „Карго“ панталони со џебови

Војничкиот изглед одвреме-навреме се враќа во мода, па истиот случај е и со „карго“ панталоните.

12. Изразени прамени

View this post on Instagram

💚

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

Латино дивата Џенифер Лопез повторно ги носи!

Ова се најпосакуваните трендови за пролет/лето 2020 (ФОТО)
loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време