Среќата не е ни во здравјето, ни во парите, ни во убавината: Овде секогаш ќе ве чека!

Мудрости на Херман Хесе

Да се биде сакан не значи ништо – да се сака, значи сѐ!

Како што станував постар, сѐ помалку ме исполнуваа ситните задоволства што животот ми ги пружаше и сѐ појасно сфаќав каде треба да ги барам вистинските извори на радост и смисла.

Научив дека да се биде сакан не значи ништо, а да се сака, значи сѐ. Дека способноста да чувствуваме е она што му дава вредност и убавина на нашето постоење. Каде и да се појавило на земјата она што може да се нарече среќа, било проткаено со емоции.

Парите не се ништо, моќта не е ништо. Многумина го имаат и едното и другото, а сепак се несреќни.

Убавината не е ништо. Сум видел убави мажи и убави жени кои биле несреќни и покрај својата убавина.

Ниту здравјето не е сѐ. Здрав е оној што така се чувствува. Имало болни полни со волја за живот кои ги негувале до крајот на животот и имало здрави кои венееле измачувани од стравот од страдање.

Но среќата секогаш била таму каде што некој знаел да сака и живеел за своите чувства. Ако ги негувал, ако не ги газел и потиснувал, тие му носеле задоволство.

Убавината не му пружа радост на оној што ја поседува, туку на оној што знае да ја сака и да ѝ се восхитува…“

Херман Хесе

Кога ќе ви биде тешко, сетете се на овие зборови: Мудри мисли од познатиот психолог Дејл Карнеги
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.