„МУВИТЕ“ се вратија во мода: Само Кардашијан може да нè натераат повторно да ги носиме
Моден предизвик
Малите ретро-модели многумина од нас ќе ги заменат со големи „очила за сонце“, кои се идеални за утрата по непроспиените ноќи…
Сите се сеќаваме на мрачната доба на модата во 2000-тите. Горе-долу, модата се врти во круг и сè почесто забележуваме тивка транзиција од деведесеттите до една деценија подоцна, па полека од Levi’s 501 преминавме на широки „балон-панталони,“ а половината падна од папокот до колковите.
Бидејќи сестрите Кардашијан се очигледни трендсетерки на светско ниво, очекуваме тотална модна револуција со нивниот нов избор на очила за сонце.
Малите ретро-модели многумина од нас ќе ги заменат со големи „очила за сонце“, кои се идеални за утрата по непроспиените ноќи.
Ги видовме на Кортни, а ги видовме и на нејзините помлади сестри, Ким и Клои, кои носеа спортски верзии на овој модел.
Сигурно е дека ќе ги бараме овие очила за сонце во своите преполни фиоки, но сепак се прашуваме – дали овој модел е добар избор за на плажа и сончање? Не би сакале да останеме со „бели кругови“ околу очите…
Коментарите се заклучени.