Пораснала во тешка сиромаштија, работела на пазар, бившиот го испратила на ПСИХИЈАТРИЈА, а потоа се омажила со третиот најбогат ЧОВЕК НА СВЕТОТ

Супернова

Поранешниот сопруг изјави дека поради нејзиниот однос кон него се чувствувал како износена Луј Витон чанта.

Руската манекенка Наталија Водјанова пораснала во многу сиромашно семејство, со две полусестри, од кои едната е родена со церебрална парализа. Бидејќи татко им ги напуштил, Наталија била принудена да заработува пари за да живее со сестрите и мајка си. За да ѝ овозможи лекување на една од болните сестри, манекенката продавала овошје и зеленчук со својата сестра и мајка на пазар.

Животот на Наталија добива нова смисла кога на пазарот се појавува агент од модна агенција додека таа продавала. Агентот ја забележал Наталија, која тогаш имала 17 години.

Natalija Vodijanova

Наскоро, таа започнува да работи во руска модна агенција. Откако се преселила во Париз, добила огромни модни понуди, како прекарот Супернова.

Наталија е една од ретките убавици кои ја красеа насловната страница на „Вог“, беше заштитно лице на Гучи, Шанел, Прада, Хуго Бос и многу други светски модни брендови.

Милионските договори кои ги добила ја направиле најбарана и најплатена манекенка, а рангирана е како трета најуспешна манекенка во светот. Нејзината заработка изнесувала и до 20 милиони долари.
А и нејзиниот љубовен живот исто така почнал да добива бајковит облик.

Godina rođenja mermana. Visina, težina, dob. Koliko godina ima Natalya Vodianova. Djetinjstvo male NatašeИмено, Наталија се омажи за милијардерот Џастин Портман со кого има три деца. Дека се работи за средба од бајките потврди и фактот дека тој е милијардер со благородно потекло, а таа потекнува од сиромашно семејство.

По 9 години брак, нивната љубов дожувеала колапс, Наталија го напуштила Џастин, а тој немал нешто убаво да каже за неа. Тој истакна дека таа постапила доста бесчувствително.

Се чувствував како износена чанта од Луј Витон, таа се однесуваше со мене како да се срами од мене. Кога беше финализиран разводот, отидов на рехабилитација по се’. Кога разговаравме, ми рече дека воопшто не ѝ недостасувам и дека не ѝ паѓа на памет повторно да бидеме семејство“ – изјави Џастин за медиумите по разводот.

По разделбата, Наталија не губела време. Многу брзо стапила во врска со милијардерот Антоан Арно, чие богатство се проценува на 84 милијарди долари, со што стана трет најбогат човек на светот. Со него роди две деца, синовите Максим и Ромен.

Natalija Vodijanova sa AntoanomДвојката се венча во 2020 година, а нејзиниот сегашен сопруг е извршен директор на брендот Берлути и дел од групацијата LVMH, која е во сопственост на неговото семејство.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.