ФУСТАНОТ ВО ПРЕДЕН ПЛАН Оливија вели МИНИ, кралицата Летиција МИДИ и ОВАА СЕЗОНА сите должини се во игра
Жешките летни денови го вратија фустанот во центарот на модното внимание.
И без разлика дали сте тип кој преферира панталони или здолништа, ништо не може да го замени совршениот летен фустан.
Совршен? Да, тоа е оној што ве чека во вашиот плакар кога немате инспирација – удобен, женствен и лесен за спојување со различни додатоци.
View this post on Instagram
Оливија Палермо одлично си поигрува со модните парчиња – носи мини-фустан со кошула одозгора и со гломазни мокасини. Иако ги покажа нозете, целиот впечаток е шик, а не провокативен.
Рамен, но со дезен
Шармот на порцеланските вазни во сино-бел дезен ја одбележа целата летна колекција на „Долче и Габана“, па иако веќе е класичен дизајн, можеме да кажеме дека оваа сезона е во центарот на модното внимание.
Директниот крој го прави прилагодлив на различни силуети, должината е оптимална, а одлично оди со патики, сандали, апостолки, сандали или еспадрили.
Кралицата Летиција секој пат ни одржува кратка модна лекција. Овој пат како на елегантен начин да облечете лелеав фустан.
Фото: Инстаграм
Коментарите се заклучени.