Шер искрено за сите свои абортуси: Првиот пат го имала на 18 години, кога била САМА дома: „Третиот пат ми стана кошмар“

Популарната пејачка зборуваше отворено за повеќекратните спонтани абортуси што ги доживеала за време на бракот со Сони Боно.

На Твитер, 76-годишната поп-божица напишала дека доживеала три спонтани абортуси, од кои првиот на возраст од 18 години.

Бев сама во нашата куќа“, напиша таа на Твитер, велејќи дека нејзиниот тогашен сопруг Боно ја нашол како „липа“ и „ползи по подот“.

Кога била на лекар, Шер вели дека „врескала од болка“, што ги натерало лекарите итно да ја однесат во болница и директно во операционата сала.

Што ќе се случеше со мене денес“, праша таа, повикувајќи се на одлуката на Врховниот суд против правото за абортус.

Пејачката вели дека „никогаш не помислувала“ дека ќе го сподели ова.

Мајки, сестри, тетки, братучетки, најдобри другарки… ниту една жена не е безбедна во Америка. Наскоро ниту еден здрав човек нема да биде безбеден“, додаде таа.

Оваа моќна жена подоцна во животот роди две деца, а нејзиното прво дете, синот Чез Боно, го роди кога имаше 22 години. Шер подоцна го доби и синот Елајџа Блу Алман, кој сега има 46 години, со својот покоен поранешен сопруг Грег Алман.

Пејачката и претходно зборуваше за своите спонтани абортуси кои ги доживеала додека се обидувала да има дете со Боно, велејќи дека искуството ѝ било „кошмар“.

Тоа е спонтан абортус, нешто што спонтано го абортира плодот. Тоа се нарекува лута матка. По третиот пат, ми стана ноќна мора. Луѓето прво ми честитаа затоа што бев бремена, а потоа не бев, па ми велеа: ‘Ох, многу ни е жал’. Помислував: ‘Боже, не сакам повеќе да го слушам ова!’“, изјави таа за списанието „Парада“ во 2010 година, како што објави „ПејџСикс“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.