Поранешната сопруга на Еди Марфи донесе важна одлука пред три децении и сега изгледа ВАКА (ФОТО)

Има 54 години и пет деца

„Никол Мичел Марфи изгледа фантастично”, може да се слушне секој пат кога поранешната манекенка и бивша сопруга на актерот Еди Марфи ќе се појави во јавност.

Таков беше впечатокот и кога во јавноста се појавија фотографии од нејзиниот шопинг на Беверли Хилс.

На новите фотографии, Никол Марфи изгледа сензационално! Таа уживаше во шопингот облечена во спортски парчиња облека и сите ги убеди дека одењето во теретана е суштинска ставка на нејзината дневна листа со задачи.

Но не беше отсекогаш така…

Кога првпат се породив, не ни помислував да тренирам. Не одев во теретана, бидејќи телото воопшто не ми се промени“, вели Никол, која има пет деца со Еди Марфи, а најстарото од нив, Брија, има 32 години и неодамна се омажи со актерот Мајкл Хавиер.

И, разбирливо, нејзината мајка блескаше на свадбата. Вежбањето е во голема мера одговорно за нејзиниот изглед.

По втората бременост, килограмите се натрупаа и знаев дека морам да почнам да вежбам ако сакам да изгледам добро“, искрена е Никол, која оди во теретана пет или шест пати неделно, каде што комбинира кардио-вежби со тренинг на снага.

Секој може да одвои по еден час дневно за тренинг, нема оправдувања. Можете да вежбате и дома“, вели таа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.