Обожавателите се воодушевени од фустанот на Сека: За жени со облини и без комплекси (ФОТО)

Дали ви се допаѓа?

Фото: Принтскрин, Јутјуб

Пејачката Сека Алексиќ од неодамна има нов имиџ – косата до рамениците ја замени со долга црна коса, а нејзиниот нов стил ги потсети сите на згодните, огнени Шпанки.

Сека, која е инаку позната како дама без комплекси, секое парче облека го носи со стил и нема проблем со коментарите дали нешто е соодветно или не.

И покрај востановените стандарди за тенко и вито женско тело, Алексиќ гордо ги истакнува своите облини, а токму така беше и на еден настан на Фрушка Гора.

Имено, пејачката облече црвен фустан припиен до телото, кој ја истакна нејзината женственост, а црната коса, црвениот кармин и држењето на пејачката одлично се вклопија во оваа модна приказна. Нејзината самодоверба разоружува, а нејзината насмевка вели – среќна сум и задоволна во сопствената кожа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SEKA ALEKSIĆ (@seka_aleksic)

Овој модел на фустан изгледа одлично и ѝ прилега на Сека бидејќи ги истакнува нејзините облини. Поради моделот што храбро го носеше, многумина беа убедени дека Алексиќ значително ослабнала.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.