Николина Пишек дошла по имотот, Миша Гроф порачува: „Ќе го добиеш твоето, но не и тоа по што дојде!“

Не сакаше да ја открие причината за престојот

Николина Пишек пристигна во Белград, се огласи Миша Гроф

Како што јавуваат медиумите, Николина Пишек пристигна во Белград, но причината за нејзиното доаѓање се’ уште не е позната. По тој повод, се огласи и Миша Гроф, кој истакна дека ниту ја слушнал, ниту ја видел, но дека сепак верува дека дошла во Белград „по своето“.

Малку сум уморен затоа што патував синоќа, пред малку пристигнав од Загреб. Покрај сето она што ме снајде, уморот ми е најмал проблем. Бев во Загреб да потпишам полномошно за адвокатите, се работи за спор. Ниту сум ја чул, ниту видел Николина, од тебе слушнав дека дошла во Белград. Можеби дошла по имотот, не знам. Ќе добие се’ што е нејзино, нема проблем, но што заработила и што е нејзино?!“ – изјавил наводно за српски „Курир“ Миша Гроф.

Пишек ги изненади сите кога објави фотографија од Белград, но сепак не сакаше да ја открие причината за престојот:

Не би зборувала за тоа, дојдов само на неколку часа“ – рече Николина, а на прашањето дали планира да го посети гробот на нејзиниот покоен сопруг Видоје Ристовиќ, таа кратко одговори:

Веќе го посетив.“

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.