Сега цел живот ќе се сомнева во него: „Не очекував дека ќе почне да плаче“

Несолена шега или...?

Смислил несолена шега за сопругата, а кога ја видел нејзината реакција, длабоко се покајал!

Еден сопруг предизвика гнев кај корисниците на социјалните мрежи, откако дојде до идеја да се шегува со својата сопруга, на начин што не беше смешен и кој, за жал, ја расплака неговата сопруга.

Имено, во видеото што го објави на социјалните мрежи, тој покажа дека става кондом во валканите панталони, кои ги фрла во корпата за алишта за перење. Откако исценира неговата сопруга да ја  пронајде контрацепција, камерата подготвено чекала жената да му ги провери џебовите.

Сепак, наместо да почна да вика на него или да го нападне, кутрата жена, гледајќи ја контрацепцијата во пантолоните на сопругот, седнала на подот и почнала да плаче.

„Духовитиот“ човек објасни дека камерата била во аголот на бањата, каде што сопругата не можела да ја забележи.

Јас навистина не очекував дека ќепочне да плаче … – рече тој.

Неговата несолема шега наиде на неколку стотици коментари кои не се позитивни.

Сега постојано ќе те гледа преку рамото, мислејќи дека нешто криеш од неа, Таа заслужува подобро од тебе, Само ѝ даде причина секогаш да се сомнева во тебе. Довербата ѝ е нарушена, дури и ако не го кажува тоа гласно, пишуваат револтирани следбеници.

Што мислите вие за постапката на мажот, дали сметате дека станува збор за духовита шега?

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.