Познатиот инфлуенсер е пронајден закопан во дворот на соседот: Исчезна на Божиќ, а ден пред Нова година е откриено што се случило

Незапаметена трагедија.

Инфлуенсерот Карлос Енрике Медеирос (26), кој исчезна ноќта на 25 декември, беше пронајден мртов во саботата, закопан во дворот на неговите соседи, во Сао Паоло, пишува Terra.com.

На двојката што живее во резиденцијата во која е пронајдено телото судот ѝ наложил привремено апсење на барање на цивилната полиција поради сомнежот дека се вклучени во смртта на Карлос. Имено, мажот му е пријател на починатиот од детството.

Според сајтот Метрополи, парот отишол на суд во неделата, каде што изјавиле дека Медеирос, откако консумирал дрога, имал срцев удар и починал додека водел љубов со девојката.

Двојката изјави дека нивниот пријател се предозирал со кокаин и дека не знаеле што да прават, па одлучиле да го погребаат телото, соопшти Луис Роберто Фариха Хелмстер, шеф на полициската станица.

Според истрагата, немало траги на насилство. Полицијата го чека извештајот од обдукцијата за да ја открие причината за смртта.

Карлос беше познат како „Енрике Медеирос“ на социјалните мрежи и ја снимаше содржината на хумористичен лик. Неговиот канал Јујтуб има речиси 1,8 милиони претплатници.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.