Снимката на која Селена Гомез и Тејлор Свифт ја озборуваат Кајли Џенер пред холивудската елита го урна Интернет (ВИДЕО)

Шокирани се од нејзиниот потег, а еве што им открила!

Тејлор Свифт и Селена Гомез се блиски пријателки, па, како што се очекуваше, на доделувањето на годинешните „златни глобуси“ во Лос Анџелес седеа заедно.

Документарниот филм за ликот и делото на Тејлор Свифт „Тејлор Свифт: Турнејата Ерас“ беше еден од номинираните за филм што донел најголема заработка во годината, но на крајот изгуби од „Барби“.

Уловен е моментот кога Селена ја теши Тејлор затоа што не го освои признанието, но подоцна во текот на вечерта, имаше уште поинтересен момент меѓу двете пријателки.

Имено, на Интернет кружи снимка на која се гледа како Селена ѝ раскажува на Тејлор, која во тој миг разговара со Кели Спери, сопругата на актерот Мајлс Телер, што ѝ се случило непосредно пред тоа.

Пејачката им шепоти на пријателите информациите што ги изненадија, судејќи според нивните изрази, па наскоро почна жива дискусија меѓу нив.

На крајот, Кели јасно вели „… со Тимотеј“, додека Селена кима со главата.

Изгледите се големи дека триото разговара за 26-годишниот актер Тимоти Шаламо и неговата избраничка Кајли Џенер.

Погледнете:

Видео: Twitter

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.