Видно здебелена и без шминка: Ја критикуваат дека е за жалење, додека таа се брани со молчење

Не личи на жената што ја знаеме

Селена Гомез отишла на шопинг без шминка и била речиси непрепознатлива

Пејачката и актерка Селена Гомез (31) била фотографирана во Лос Анџелес како ужива во празничниот шопинг со својата пријателка Ана Колинс. Тие се шетале во Беверли Хилс и влегувале во продавници.

На себе носела само широк темносив капут, а под него имала мек џемпер, што го искомбинирала со црни хеланки и бели патики.

Стајлингот го надополнила со штепувана црна чанта „Шанел“ и пар класични очила со овална форма.

Пријателките шетале и пиеле зелен мача-чај по ручекот, а Селена била речиси непрепознатлива без шминка.

И покрај критиките од обожавателите, таа продолжува да ја брани романсата со Бени Бланко, која неодамна ја обелодениле и на Инстаграм.

Продуцентот неодамна споделил видео за готвење во кое зборувал за својата супер згодна и совршена девојка.

Само неколку дена пред овие негови коментари, Гомез застанала во одбрана на својот нов партнер, кога обожавателите ја потсетиле дека во минатото не бил добар кон неа.

Работите брзо се вжештиле меѓу неа и нејзините обожаватели во коментарите, бидејќи го обвиниле Бени дека не се однесувал добро со неа и дека не ја почитувал во минатото.

Посебно ги разлутило новото интервју во кое Бланко ја нарекол „поп-уметница за колачи“, додека го пофалил нејзиниот поранешен партнер Џастин Бибер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

Кога еден обожавател ја означил дека е за жалење што се држи до него, Гомез одговорила:

„Хаха да, и сè уште е подобар од сите со коишто некогаш сум била. Факти.“

Минатата недела ја објавила својата нова врска и на Инстаграм и им открила на бројните обожаватели дека веќе шест месеци е во врска со Бланко.

Селена Гомез открива интересни детали за врската со Бени Бланко: Дел од фановите не ја поддржуваат…
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.