Најпознатиот доктор ја смислил најдобрата диета во светот: Килограмите се топат, а може да јадете и навечер!

„Не е совршена, но функционира!“

Најпознатиот британски епидемиолог Тим Спектор открил како изгледа неговото вообичаено мени во текот на денот

Тим Спектар е прославен британски епидемиолог и научник, кој уште во 1992 година направил истражување на 15.000 близнаци, при коешто открил многу информации за наследните болести и нарушувања.

Овој научник стои зад ставот дека микробите влијаат врз менталното здравје, но и врз долговечноста. Тим не се залага за диети со мал степен на маснотии. Тој препорачува разновидна исхрана, многу влакна и медитеранска диета со многу јаткасти плодови и маслиново масло.

Еве како изгледа еден негов ден, што јаде и како вежба.

6.50: Станувам од кревет и пијам шолја црн чај. Потоа, половина час го возам собниот велосипед или правам некоја вежба што ми годи. По туширањето, медитирам 20 минути, а потоа почнувам да работам.

11.30: Појадок. Кефир со одмрзнати боровинки, мешавина од јаткасти плодови и семиња, и црно кафе. Продолжувам со работа, но станувам да се придвижам на секој половина час – иако неодамна научив дека тоа би требало да го правам секои 20 минути, макар само на една или две минути. Се протегнувам или само станувам. Протрчувам по скали, си земам уште едно црно кафе, а потоа се враќам назад во мојата канцеларија.

14.00: Ако сум дома, тогаш обично ручам. Јадам домашен леб што сам го месам со многу семиња и домашна супа со многу зеленчук. Тоа е комбинација на домати, пиперки, кромид, лук, малку зелка, леќа, спанаќ – што и да имам дома, го ставам во лонец и правам супа. Кога работам во болница, цел ден јадам овошје и мешавина од јаткасти плодови, наместо сендвич.

17.00: Повторно медитирам 20 минути. Тоа е нешто што го практикувам од мојата 18. година и ми помага да се фокусирам и опуштам.

18.30: Завршувам со работа и пијам чаша црно вино или малку пиво. Почнувам да приготвувам вечера. Бидејќи станав вегетаријанец последниве години, јадам многу зачинет зеленчук што го купувам во локални продавници.

20.30: Многу патувам, па кога сум дома, уживам да се опуштам на софата и да гледам филм или ТВ-серија.

22.00: Си легнувам и го ставам телефонот на режимот „Не вознемирувај“, го оставам на земја и не го погледнувам до утредента. Читам половина час и го завршувам денот.

Липосукциска исхрана: 10 килограми помалку за 10 дена – еве во што е трикот и како изгледа менито!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.