Липосукциска исхрана: 10 килограми помалку за 10 дена – еве во што е трикот и како изгледа менито!

Мени за липосукциска диета

Липосукциската диета ја смислил нутриционист од Босна, Кенан Мадра, кој се залага да се јаде „вистинска“ храна која ќе ве држи сити, за да не посегнувате по грицки

Благодарение на липосукциската диета, многу познати дами успеале да ослабат и да останат вити, а некои од нив за 10 дена ослабеле дури 10 килограми.

Оваа диета ја смислил Кенан Мадра, кој тврди дека прво мора да се посоветувате со својот доктор пред да ја испробате оваа диета. Во зависност од тежината, тој може да ви одреди правила на исхрана што можат да траат 10 или 30 дена.

Што е липосукциска диета?

Овој начин на исхрана ја викаат и неинвазивна липосукција или липосукција без нож.

Кога сте на липосукциска исхрана, не живеете на салати и овесни снегулки, туку јадете вистинска храна: месо, риба, јајца, сирење, млечни производи, свежо овошје и зеленчук. Мастите не се одбегнуваат, бидејќи тие играат важна улога во нашиот организам, но треба да се одберат вистинските.

Трикот е во тоа што никако не се внесува шеќер.

Пример за мени во липосукциска диета:
  • Секој ден го започнувате со лимонада.
  • Појадокот е лесен. Тоа може да биде омлет со сирење или некој кашест сок.
  • Ручекот може да биде похувано бело месо и некоја салата од свеж зеленчук. Салатата треба да биде само од зеленчук што расте над земја, бидејќи тоа под земја содржи многу скроб.
  • Вечерата не се прескокнува и се охрабрува, што е спротивно на сите очекувања и на сето она што мислиме дека го знаеме за диетите. Кенан Мадра смета дека најдобро време за вечера е меѓу 18 и 22 часот и тогаш може да се консумира околу 200 г пилешко месо или риба – не е дозволено свинско месо.

Вечерата е во ред и не треба да се плашите дека ќе се здебелите, бидејќи оваа храна нема шеќери, туку само протеини кои се заслужни за изградбата на мускулите. А тие особено растат кога спиеме.

Во липосукциската исхрана, задолжително мора да се придржувате до следниве правила:
  • Секое утро пијте лимонада без шеќер
  • Секоја вечер пијте шолја чај за подобро варење
  • Задолжително пијте 2 литри вода дневно
  • Можете да пиете кафе, лимонада и чај без шеќер меѓу оброците
  • Кога сте многу гладни, постои еден производ со кој можете да го прелажете гладот, а тоа се краставиците.
Покрај тоа, се препорачува да ги набавите следниве додатоци во исхраната:
  • Пробиотик кој ќе одржува здрава микрофлора во цревата
  • Мултивитамински таблети, до 2 дневно
  • Омега-3 масни киселини

Нутриционистот Кенан Мадра тврди дека по првиот третман ќе имате 10 килограми помалку, а резултатите се 100 отсто гарантирани ако се придржувате до правилата на липосукциската исхрана.

„Јас сум голем хедонист, но морав да ослабнам“: Диета која на Сузана Манчиќ и` помогна да се ослободи од вишокот килограми
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.