Летиција одржала модна лекција, додека нејзината свекрва направила утка: Кич фустан на погребот на кралицата што боде очи

Фијаско

Шпанската кралица Софија направила голема модна утка кога се појавила на погребот на кралицата во впечатлив фустан

Последното испраќање на кралицата Елизабета ги собра функционерите од целиот свет, меѓу кои се најдоа најистакнатите личности и највисоките државни функционери.

Во фокусот се најде и кодексот на облекување што сите го испочитувале. Правилата налагаат дека црнината е примарно нешто што треба да се испочитува, кога станува збор за облекување за тажни пригоди.

Една од најважните работи е облеката да биде примерна и невпечатлива, со акцент на елеганцијата. Исто така, се одбегнуваат впечатливи детали на облеката кои може да се сметаат за кич, како што се јаките бои и светките.

На погребот кој важи за историски, сите функционери во Вестминстерската опатија носеле модни парчиња лишени од впечатливи елементи.

Меѓутоа, сепак се истакнала една модна комбинација што привлекла големо внимание, а која модните критичари остро ја осудиле. Станува збор за шпанската кралица Софија, мајката на кралот Фелипе Шести и свекрва на кралицата Летиција.

Додека Летиција како и секогаш придобила бројни симпатии со својот избор на фустан, кој бил многу префинет и елегантен, Софија се одлучила да облече впечатливи фустан и капут, кои биле пренатрупани со светки и други детали.

На нејзиниот фустан носела и впечатлив брош, додека од накит носела гломазен бисерен ѓердан и обетки.

Според многумина, тоа било премногу гламурозен избор, особено кога ќе се земе предвид фактот што ниту една друга кралица или принцеза не носела слична комбинација, со толку нагласени блескави апликации.

На социјалните мрежи се коментирало дека Софија би можела да учи од својата снаа Летиција, која добила големи пофалби за својот стајлинг, а исто така ја оцениле и како најдобро облечена.

Кралицата Летиција ги „шекна“ сите во ЕВТИН ФУСТАН што е олицетворение на врвна елеганција (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.