Кралицата Летиција ги „шекна“ сите во ЕВТИН ФУСТАН што е олицетворение на врвна елеганција (ФОТО)

Ова е за 10 плус!

А погледнете ги само вамп-потпетиците што ги носи – свршени се!

Кралицата Летиција и нејзиниот сопруг Фелипе во вторникот го посетија музејот на кралицата Софија во Мадрид за да ја одбележат 50-годишнината од смртта на Пикасо и да ја отворат изложбата „Година на Пикасо“. Убавата Шпанка уште еднаш покажа дека има префинет моден вкус и дека речиси никогаш не греши.

Овој пат таа блесна во исклучително едноставна, а сепак многу убава и ефективна комбинација, која лесно може да се имитира.

Шпанската кралица избра бел памучен кошула-фустан со дискретен вез, кој е со нејзината омилена миди-должина со суптилни странични шлицови, а на половината е украсен со ремен на врзување.

Фустанот го потпишува шпанскиот бренд „масимо дути“, кој е достапен и кај нас, а кој е познат по квалитетните и релативно достапни парчиња.

Летиција е позната и како љубителка и промоторка на шпанските брендови, а не ѝ е непознато да носи поевтини ткаенини.

Сепак, на оваа комбинација лускузна нишка ѝ додадоа скапата кожена чанта на „Каролина Херера“ со змиски дезен во впечатлива црвена боја и црвените сандали со отворена потпетица, како и прекрасните, ефектни обетки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by jose gegundez (@josegegundez)


Дали ви се допаѓа ова издание?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Reina Letizia (@reina_letizia2020)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.