Милица Павловиќ ужива на едно од најскапите места во Грција: Прво го покажа апартманот, па потоа позираше во танга-бикини! (ФОТО)

Има со што да се фали...

Поп-ѕвездата Милица Павловиќ по напорното и работно лето, реши да се одмори и поради тоа отпатува на луксузна дестинација, од каде следбениците ги почести со интересни снимки и фотографии.

Пејачката отпатувала на Миконос и тоа во друштво на вистински „бомба“, манекенката Кристина Периќ, инаку нејзина долгогодишна пријателка.

Милица прво се пофалила со луксузниот апартман во кој се сместени, а после тие снимки, следеле и оние интересните – односно жешките.

И додека ги снимала просториите од опремениот апартман со огромна тераса и базен, Милица самата на себе си влегла во кадар.

Нејзините следбеници забележале дека пејачката, која била во секси-бикини изгледа совршено, а покрај храната на која многу внимава, заслужни се и напорните тренинзи кои ги имала скоро секојдневно цело ова лето.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.