Кога имаш многу пари а малку стил, тоа изгледа вака: Свршеницата на Кристијано Роналдо направила вистинска модна катастрофа!

Не треба да се облекувате вака

Модните експерти занемеле кога ја здогледале

Во вторникот се одржала ревија на брендот „Луј Витон“, а поголемо внимание од самата ревија привлекла Георгина Родригез (26), свршеницата на Кристијано Роналдо.

Не престанува да се зборува за нејзината модна комбинација. Георгина успеала само со еден стајлинг да ги сврти модните критичари против себе и да предизвика лавина од негативни коментари.

Ни овој пат не успеала да одбере парчиња што ќе и’ ласкаат на нејзината фигура и уште еднаш докажала дека парите сепак не можат да купат и стил.

Имено, таа се појавила во мантил во кафеава боја и во салонки во интензивно црвена боја. Стајлингот го надополнила и со црвена чанта. Иако секое парче чини многу, сите се согласиле дека оваа комбинација изгледа евтино.

https://www.instagram.com/p/CGCrypslb7n/

„Има ли нешто под овој мантил? Одамна не сме виделе олку лошо стилизирана жена“, модните критичари биле едногласни.

https://www.instagram.com/p/CGCYUCnAHHd/

„Ваков модел и оваа должина на мантил никако не е за нејзината градба“, „Барем косата можела подобро да ја среди“, „Стајлинг без ронка креативност, разочарана сум“, се само некои од коментарите што се нижеле на нејзина сметка.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.