Традиционален рецепт за кисела зелка со коленица во земјен лонец – јадење што зборува 100 јазици!

Вкусот на традицијата

Вкусот на кисела зелка кој се крчкал во земјен лонец со еден куп зачини ќе ве остави без зборови

Состојки:
  • 3 кг кисела зелка (поситна главица)
  • 1 кг коленица
  • 200 г чадена сланина
  • 300 г чадени свински ребра
  • 3 главици кромид
  • 4 црвени пиперки
  • магдонос и лист од целер
  • црн бибер во зрно
  • бел компир
Приготвување:
  • Зелката измијте ја во две води, отстранете ги надворешните листови и секоја главица пресечете ја на осмини.
  • Отстранете го коренот од зелка и секоја осмина пресечете ја на три дела.
  • Месото и преостанатите состојки исечете ги на поголеми парчиња.
  • Кромидот исечете го на коцки, пиперката на кругови, додајте шака сечкан лист од магдонос и целер.
  • Наредете во лонец ред зелка, врз неа малку кромид, лист од магдонос и целер, неколку зрна бибер и од секој вид месо и многу лук.
  • Повторете додека се потрошат сите состојки, а завршете го редењето со зелка на врвот. Прелејте со ладна вода и ставете ја на силен оган да зоврие.
  • Намалете ја температурата и гответе на тивко, да се крчка, полуотворено неколку часа, најдобро во земјен лонец. Половина час до 40 минути пред крај додајте бел компир исечкан на четвртини.

Добар апетит!

Свадбарска зелка: Куќата нека ви замириса на среќа!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.