Не секој кармин е за секоја пригода, еве како да го изберете вистинскиот

Сигурно секоја од вас го има оној еден кармин кој одлично ѝ одговара и кога купува нов, никогаш не помислува да бара друга нијанса.

Тоа е добро, но не заборавајте дека секоја нијанса, па дури и онаа што совршено ви одговара, испраќа одредена порака и врз основа на бојата што ја забележуваме на нечии усни, можеме да донесеме заклучоци дури и за тоа колку е креативна, сигурна или професионална дотичната личност.

Општо земено, силните, експресивни бои главно се поврзуваат со силен карактер, додека оние понежните се поврзани со питомите, тивки и пријатни личности. Соодветно на тоа, еве какви пораки испраќаат одредени нијанси:

Интервју за работа: На интервју за работа сакате да оставите впечаток на силна и самоуверена личност, но не сакате кармин да доминира во разговорот и вас. Нијансата што најдобро ќе ја заврши работата за вас е нијанса за слива, благодарение на што ќе изгледате професионално и амбициозно, но не и претенциозно. Оваа нијанса ја одразува самодовербата без впечаток на недостапност, затоа е идеална за вакви прилики.

Прв состанок: Оние луѓе кои бараат сериозна врска се надеваат на лојална личност на која ќе можат да ѝ веруваат, додека оние кои се заинтересирани за огнена романса се фокусираат на физичката привлечност. За ваша среќа, не мора да изберете нијанса според вашите желби, бидејќи има нијанси со кои ќе ги испраќате двете пораки. Бојата на сливата и „nude“ тоновите се две нијанси кои ќе бидат полн погодок за секој романтичен состанок бидејќи луѓето што ги избираат овие нијанси се сметаат за најсигурни и привлечни.

Работа: Без оглед каква работа и да работите, сакате колегите да работат со вас, да споделуваат мислења и да ве доживуваат како пристапна и драга личност со која можат да работат за да решат проблем. Ќе оставите впечаток на таква личност со избирање „nude“ нијанси кои испраќаат јасна порака дека сте подготвени да соработувате, грижливи и пријателски расположени.

Средба со неговите родители: Секогаш кога ќе имате можност да запознаете нови луѓе во опуштена атмосфера, изберете една од розовите нијанси. Овие нијанси оставаат впечаток на пристапна личност која сака да се дружи и да се забавува, па затоа е совршена за сите оние ситуации кога сакате да оставите добар прв впечаток на некого во лежерна атмосфера.

Посебни прилики: Без разлика дали станува збор за важна вечера или банкет, или можеби презентација на работа што ја водите, сакате да блеснете во полн сјај, оставајќи впечаток на силна, самоуверена и храбра личност која точно знае што сака во животот. Ќе испратите таква порака со избирање класична црвена нијанса што ја открива силата на вашиот карактер подобро од која било друга.

Прочитајте и: Ако ги следите овие упатства, маслото ќе стане дел од вашата секојдневна рутина за убавина

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.