Ако ги следите овие упатства, маслото ќе стане дел од вашата секојдневна рутина за убавина

Иако звучи неверојатно, маслото може да биде и добар избор за мрсна кожа.

Верувале или не, со воведување на масло во вашата рутина за убавина, мрсната кожа нема да стане мрсна, туку сјајна. „Маслата можат да ја зајакнат заштитната бариера на кожата, што значи дека може подобро да складира хранливи материи и вода, истовремено блокирајќи микроби, загадувачи и алергени“, вели д-р Сара Вилафранко, основач на брендот за козметика „Osmia Organics“.

Сите овие се предуслови за чиста и здрава кожа, без оглед на видот на кожата. Иако звучи спротивно на популарното верување, користењето на маслото за лице може да ја направи кожата помалку мрсна бидејќи маслата помагаат лојните жлезди (оние што лачат маснотии) да бидат во најдобра можна рамнотежа, вели д-р Вилафранко.

Аако ставите масло на лицето што не е наменето за вашиот тип кожа или го нанесете погрешно, кожата ќе се „претвори во диско топче“ полно со запушени пори, но имаме решение: следете ги овие упатства и сè ќе биде во ред.

1. Држете се до растителни масла кои не содржат многу заситени киселини

Ваквите препарати побрзо продираат во кожата со минимални остатоци, вели дерматологот д-р Хедер Роџерс. Покрај тоа, таа препорачува масла без додаток на парфем кои можат да ја иритираат кожата. Некои од популарните масла со ниска заситеност се маслото од јојоба, сончоглед и семе од грозје, но ако не сте сигурни кои да ги изберете, побарајте зборови како „лесни“ или „некомедогени“ на етикетата, таквите масла треба да бидат во ред. Покрај тоа, мрсната кожа претпочита масла кои содржат линоленска киселина, како што се коноп и масло од шипка, вели д-р Вилафранко. „Линоленската киселина е одлична за мрсна кожа бидејќи помага да се контролира производството на себум“.

2. Бегајте од кокосово масло

Да, добро прочитавте. Знаеме дека сите – од нечија баба до инфлуенсерот што го следите на Инстаграм – се воодушевени од кокосово масло, но кога станува збор за мрсна кожа, тоа е забрането. „Кокосовото масло е полно со заситени масни киселини како што е лауринска киселина, и тие можат да се акумулираат на кожата и да предизвикаат прекумерен сјај и затнати пори“, вели д-р Вилафранко. Исто така, бегајте од минерални масла, советува д-р Роџерс. „Тие воопшто не апсорбираат, тие само „седат“ на површината на кожата“.

3. Немојте само да го нанесувате

„Користете го маслото вака: нанесете неколку капки на чиста и навлажнета кожа и добро масирајте“, советува д-р Вилафранко. Маслото ќе се апсорбира побрзо отколку кога ќе го протриете на кожата. Покрај тоа, масажата ќе задржи повеќе влага во кожата. Можете исто така да го нанесете маслото мешајќи го во серум или крем за лице. Најдобро е да започнете да го користите ноќе за да видите како ќе реагира кожата. Ако кожата реагира добро, можете да започнете да го користите двапати на ден.

Прочитајте и: Како да знаете дека е време да користите козметика против стареење?

 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.