Ирина Шајк: Сите се прашуваат што ја натерало да се облече вака (ФОТО)
„Врелата“ фотка на манекенката ги засени муабетите за нејзиниот развод со Бредли Купер
По раскинувањето на врската со холивудскиот миленик Бредли Купер, популарната руска манекенка Ирина Шајк им се посвети на работните обврски, а моментално се наоѓа во Италија, каде што ги изненади сите појавувајќи се во јавноста во необичен стајлинг: мини-здолниште, раскопчана кошула и градник…
Во тотален „црн изглед“, Ирина смело чекореше облечена во градник и раскопчана кошула, која ги откриваше нејзините стомачни мускули, а стајлингот го заокружи со црни војнички чизми, златно чантиче и со златни обетки и синџирче, кое се спушташе до работ на мини-здолништето.