Летно и лесно: Во продажба е новиот број на списанието „Добра храна“

Бидете сити и вити!

Не пропуштајте го најновиот број на двомесечното списание за храна

Налето сè станува некако полесно, почнувајќи од облеката што ја носиме, па до храната што ја краси нашата трпеза. Брзите рецепти што не одземаат многу време за приготвување добиваат предност, а салатите ги симнуваат од тронот комплексните и тешки јадења.

Пробајте ги пиперките полнети со сирење!

И покрај тоа, не можевме да им одолееме на италијанските тестенини. Ги знаете оние преслатки макарони во форма на панделка? Италијанците ги викаат фарфале, а ние ќе ви покажеме како да ги приготвите во домашни услови. Сигурни сме дека ќе бидат повкусни и поздрави од купечките!

Ќе ви покажеме како да приготвите фарфале на 4 нови начини!

Оваа сезона и тиквичките треба да станат задолжителен дел од вашето мени. Ако немате идеја како да ги приготвите, побарајте инспирација на нашите страници (лазањите со тиквички ќе ве воодушеват!).

Почестете се со тиквички!

За крај, засладете се со слатко финале и проверете какви вкусови за паметење ви подготвија нашите гастро-мајстори во овој број. Имајте убаво лето и уживајте во добрата храна!

Подготвени сте за слатко финале?

ГАСТРО-МАЈСТОРИ

Меки кифлички од путер на Елена Андоновска @pomojvkus
Сендвич капрезе со нане на Марија Кочовска (@kocovska)
Крем-супа од печурки на Теодора Георгиевска @gotvima.so.tea
Јагнешко под сач на Бранко Попоски @cookingwithbranko
Печени пилешки прсти со зачинет сос на Давор Панчевски @daveskitchenofficial
Чиа-пудинг со јагоди во чаша на Катерина Шамбевска Спасеновска (@katerina.shambevska)

Ваша Марија Лукаревска

*Списанието е двомесечник*

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.