По посетата на ова свето место, Сека Алексиќ успеала да забремени

Вторпат и' се остварува најголемата желба

Сека Алексиќ неодамна јавно соопшти дека е бремена во емисијата на Иван Ивановиќ, по што следуваа честитки од страна на нејзините обожаватели и пријатели, земајќи предвид дека најголема желба и беше на својот син Јаков да му подари брат или сестра.

Фолк-пејачката е во шестата недела од бременоста, а како што пренесува порталот story.rs, таа по причестувањето по постите, отпатувала со својот духовен отец Никола на островот Егина во Грција, каде што со благослов од монахините добила масло со седум кандила, кои ги однела во Белград. Маслото го консумирала според упатствата на отецот Никола и набрзо останала бремена.

Инаку, познато е дека пејачката е голем верник, па нема сомнеж декаголемата вера, желба и љубов и секојдневните молитви влијаеле вторпат да и’ се оствари една од наглемите желби во животот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.