Старлетата се појави во фустан иснпириран од изгледот на Софија Лорен во филмот „Boy on a Dolphin“, а го изработи Тери Муглер, нарекувајќи го „фустан-капка“. Воедно, ова е прват после 20 години, господинот Муглер лично да дизајнира креација за некого. Имено, за да се долови ефектот на мокар фустан, дизајнерот се послужил со скапоцени камења, поточно дијаманти, а резултатот беше навистина ефектен. Но, освен неговата работа, фокусот како што веќе спомнавме, беше ставен на фигурата на Кардашијан. Многумина се прашуваа што се случило со ријалити ѕвездата, која никогаш не изгледала послабо и со потенка половина. Во медиумите се појавија гласини дека таков ефект може да се постигне само со вадење ребра, додека пак другите сметаа дека е оптичка илузија. Но во меѓувреме се појави и видео на магазинот „Вог“ каде се прикажани последните подготовки на Кардашијан за гламурозниот настан.

 

Во видетото ќе видите каков корсет носи, а ќе дознаете и како е изработен фустанот. Многумина ќе се изненадат од фактот дека се работи за креација создадена од силикон, а како нејзиниот тим ќе успее да направи да изгледа како што и јавноста ја виде на црвениот килим, оставаме да видите во видеото подоле.