Амал се појавила на црвениот килим и шокирала: Како можело да ѝ се случи ова?

Погледнете

Прекрасната адвокатка по подолго време се појавила пред камерите рака под рака со својот сопруг Џорџ Клуни

Холивудската ѕвезда Џорџ Клуни и адвокатката за човечки права Амал биле дел од свечениот настан во организација на кралското здружение за помош на млади – Prince Trust Awards.

На црвениот килим во Лондон позирале заедно, држејќи се за рака, а камерите ги немаат уловено заедно уште од декември минатата година.
Како и секогаш, се појавиле во елегантни комбинации и привлекле големо внимание. Џорџ не е склон на експериментирање со модата и се држи до проверени класици, па одбрал костим во боја на графит со црни очила за сонце, додека Амал се појавила во комбинезон во нежна пудреста нијанса со црн ремен што го нагласувал нејзиниот совршен струк.

Комбинезонот имал долги и широки ногавици, кои за Амал биле предолги, па едвај се движела во нив, а најголемата мана на комбинезонот е самиот материјал на кој се гледале сите набори од седење.

Црните обувки и чантата во беж боја го заокружиле стајлингот, додека косата ја собрала во својот добро препознатлив стил. Амал пред неколку месеци, по црната боја на коса, се одлучила за промена, па сега негува малку потопла, кафена боја на косата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.