Адријана Лима фотографирана додека вежба во претесни хеланки и без шминка: Сите се прашуваат зошто никако не може да ослабе?!

Обожавателите немаат милост

Таа напорно работи за да се ослободи од постпородилните килограми, но никако не успева во тоа

Адријана Лима била видена во Њујорк пред една вежбалница како вредно вежба за да ги симне килограмите што ги качила за време на третата бременост.

Додека по првите две породувања брзо се вратила во топ-форма, овој пат не е така. Манекенката речиси една година се обидува да го врати своето тело во нормала, но тоа никако не ѝ успева.

„Породувањето ме уништи. Секој ден е нова борба и секој ден морам да се потсетувам себеси дека треба да го прифатам моето ново тело, но и да направам сè за да го доведам својот изглед во ред. Чувствувам дека сум во транзиција и затоа секој ден напорно вежбам и се мачам, но секој ден учам нови работи за себе и за своето тело во 40-тите. И тоа е во ред, бидејќи телото во различна животна доба реагира различно на истите дразби“, изјавила Адријана Лима.

И додека сите очекуваме манекенката да се појави на Канскиот филмски фестивал, таа била фотографирана во Њујорк како вежба во боксерски патики, тесни црни хеланки и дуксер.

Под црните хеланки јасно се оцртувале нозете на славната манекенка, додека таа насмеана се обидувала да вежба што понапорно.

Зошто некои жени не можат брзо да ги вратат килограмите што ги имале пред породувањето, без разлика колку се трудат?

Бременоста трае 9 месеца, што значи дека телото 9 месеци се подготвувало за породување, собирајќи сила и хранејќи уште едно живо суштество. Затоа, не треба да се брза со враќањето на постпородилната тежина. Родилката треба да биде реална и да му дозволи на своето тело природно да се ослободи од вишокот килограми.

Постојат 5 важни правила што можат да му помогнат на телото да се ослободи од вишокот килограми по породувањето…

1. Без стрес

Бидете нежни кон себе, не очекувајте чудо од телото. Нешто што 9 месеци се ширело, не може за неколку дена да се врати на старо.

2. Без диети

Диетата никако не смее да биде вашата опција по породувањето. На вашето тело му треба време да закрепне, му треба сила. Па затоа, јадете квалитетна и здрава храна.

3. Пијте многу вода

Вода, никако сокови, кафе или други напивки. Сè што ви треба е големо количество вода што ќе ви помогне да создадете доволно млеко, кое ќе го хидрира вашето тело и ќе ви даде енергија.

4. Движете се

Ако сте во можност, вратете им се на тренинзите, но и прошетката на бебето во количка ќе заврши работа. Прошетката со бебето согорува многу калории, а ќе ви годи и на двајцата.

5. Наспијте се

Кога и да сте во можност, одвојте време да се наспиете. Најдобро се слабее кога телото е одморено.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.