(ФОТОГАЛЕРИЈА) 15-годишниот јубилеј на Убавина&здравје одбележан со најпосакуваната забава во градот

Еве кој сè присуствуваше на неа

Седумнаесетти мај е датумот кој долго време ќе им остане врежан во сеќавањето на 800-те гости што присуствуваа на роденденската прослава на „Убавина и здравје“.

Најпосакуваното списание за животен стил во регионот „Убавина и здравје“ го прослави 15-от роденден со своите пријатели, соработници, колеги, џетсетери и познати личности.

Во средата, дискотеката PURE во Градскиот парк беше епицентарот на една од најубавите прослави во нашата престолнина, на која присуствуваа голем број гости, кои танцуваа на одлична музика и лудо се забавуваа.


Генерален покровител на настанот беше Mentos, кој се погрижи гостите да останат свежи до доцна во ноќта, колку што траеше Yes to fresh забавата, која следуваше по официјалниот дел, за време на кој им беа доделени 13 награди на хуманите луѓе и општествено одговорните компании.

Брендот за шминка Catrice, кој беше silver партнер на забавата, ги промовира сите најнови мејкап-трендови на својот штанд во зоната на искуства, а дермокозметичкиот бренд CeraVe обезбеди подарочиња за гостите, како и можност да ги пробаат неговите барани производи.

Revalid®, познатиот швајцарски бренд на производи за здрава коса и добар пријател на „Убавина и здравје“, на својот штанд во зоната на искуства на гостите им понуди нов, целосен пристап во решавање на проблемите со косата.

Поддржувач на роденденската прослава беше и Dreem Creem – Enisa Kadri, новиот иновативен, луксузен крем за лице кој наскоро ќе биде достапен и за потрошувачите во Македонија.

Организаторите искажаа посебна благодарност до своите пријатели Kromberg & Schubert и градежната компанија ZSF за поддршката на овој значаен јубилеј.

Нашите забави се прочуени, а доброто расположение во еден дел им го должиме на нашите рефреш-партнери JegerMaister, Whisky Scotch Blended Malt – Monkey Shoulder, Gin Sax, соковите Jaffa и водата Lajthiza, винаријата Пуклевац, како и на Пивара Скопје, соопшти уредничката на „Убавина и здравје“, Јована Стојменовиќ, која им се обрати на гостите од сцената на која следуваше доделувањето на наградите за хуманост.

 

Низ годините го основавме и проектот У&З-награди или U&Z AWARDS, преку кој им оддаваме почит и внимание на луѓето или ги истакнуваме производите кои заслужуваат внимание. А токму на нашите роденденски прослави У&З-наградите одат во рацете на добрите луѓе. За нивните добри, поголеми или помали хумани дела, поради што се нас навистина посебни, додаде Јована.

Општествено одговорните компании и хуманитарците и активистите кои со својот пример поттикнуваат и самите да се осмелиме да направиме добро дело се: А1 Македонија, Еурофарм, Пивара Скопје, Универзитет Скопје, Веледрогерија Септима за брендот Vichy, д-р Горица Давчевска, Максим Каески, Орце Ѓорѓиевски, ТВ-емисија „Срце на дланка“, Леон и Слаѓана Василески, Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес, музичкото дуо ДНКПанчо и Андреј, и Лила Филиповска.

По примањето на наградите следуваше YES TO FRESH забавата поддржана од генералниот покровител Mentos, а која ја отворија Brass Brothers, а им се придружи Robbie Ray LED Robot.

За вториот дел од забавата беше задолжен DJ Boogieman, повторно помогнат од огненото шоу на ЛЕД-роботот Robbie Ray.

Текст: Марија Лукаревска и Бојана Стојменовиќ

Фото: Михаил Савески, Бодан Петро

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.