Оптичка илузија: Овој детаљ на потпетиците на Ева Лонгорија предизвикал хаос!

Сите се збуниле!

ФОТО: Profimedia

Несекојдневна оптичка илузија завладеала на црвениот тепих кога се појавила познатата актерка

Ева Лонгорија (44) се појавила на настанот Global Gift Foundation на Беверли Хилс во издание што ги маѓепсало сите присутни.

Како почесна претседателка и домаќинка на настанот, позирала на црвениот тепих со насмевка од уво до уво, облечена во крем фустан со миди-должина, со ремен околу половината. Оваа креација е струкирана во горниот дел, додека долниот дел е разигран.

ФОТО: Profimedia

Актерката го заокружила својот стајлинг со вртоглаво високи потпетици, кои благодарение на еден детаљ ги збуниле сите присутни.

Имено, сандалите биле во комбинација од црна, црвена и крем боја. Поради црвената нијанса на високите потпетици, додека Ева позирала, тие целосно се соединиле со црвениот тепих.

ФОТО: Profimedia

Кадифениот материјал на потпетиците, сличен на материјалот на тепихот, создал вистинска оптичка илузија, односно изгледало како тие да исчезнале.

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време