Облечете се вака и веднаш ќе изгледате 5 килограми послабо: Стилски трикови што секоја жена мора да ги знае!

Моден водич

Благодарение на овие трикови, ќе изгледате беспрекорно во секоја пригода

Симнувањето на качените килограми може да потрае, а понекогаш ни треба резултат веднаш. Ако сѐ уште не сте ја довеле линијата до совршенство, послужете се со овие стилски трикови кои даваат проверени резултати.

Гардеробата, доколку правилно се одбере, може да ни биде најдобриот сојузник. Таа може да ги нагласи најдобрите делови од нашето тело и да ги скрие сите недостатоци.

Доколку сакате фигурата да ви изгледа беспрекорно, водете се според овие правила…

1. Црна боја

Добро познато е дека потемните бои, а особено црната, имаат моќ визуелно да ја направат фигурата повита. Секогаш одбирајте потемен џинс, бидејќи така нозете ќе ви изгледаат повити и подолги, а особено доколку ги носите во комбинација со високи потпетици.

2. Монохроматски стил

Исто како и црната боја, монохроматскиот стил дава проверени резултати. Облечете се во една боја од глава до пети и ќе изгледате значително послабо.

3. Одбегнувајте плисирани и набрани панталони

Наборите дебелеат, па затоа носете панталони кои напред се рамни, бидејќи тие ќе го сокријат стомакот и ќе ги направат нозете подолги. Поради тоа ќе изгледате повисоки и попропорционални.

4. Панталони со висок струк

Овој крој на панталони е идеален за криење вишок килограми на стомакот, а истовремено ќе направи нозете да изгледаат вито.

5. Вертикални линии

Сѐ е во добриот избор на дезен, а вертикалните линии се совршено решение доколку сакате да ги сокриете килограмите.

6. Носете подлабок изрез околу вратот

За да го издолжите горниот дел на телото, носете блузи и џемпери со V-изрез. Тој ќе придонесе за тоа да изгледате повисоки, а истовремено ќе го тргне вниманието од деловите на телото што сакате да ги сокриете.

7. Фустани пресечени во струкот

Фустаните што се пресечени во струкот се идеални за сите девојки со облини, особено за девојки што имаат пошироки колкови. Тие на вистинскиот начин ги сокриваат сите ваши несовршености, а покрај тоа, ги нагласуваат вашите атрибути.

8. Потпетици

Изборот на обувки, исто така, може да направи драстична разлика во изгледот. И пониските потпетици ќе бидат доволни за фигурата да изгледа поскладно.

Слоевитите комбинации се едноставни ако ги имате овие 5 парчиња облека: Не можете да згрешите со овие трикови
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.