Марамчињата за отстранување шминка не се добар избор, а еве и зошто

Дерматолозите предупредуваат дека треба да се избегнуваат марамчиња за отстранување шминка бидејќи тие предизвикуваат голема штета на кожата на лицето!

Прашајте кој било професионалец за нега на кожата „што е основа на здравјето на кожата и добра рутина за нега на кожата“, одговорот што ќе го добиете е „чистење на лицето“. Правилно чистење, ќе додадеме.

Сепак, марамчињата за отстранување шминка не го постигнуваат она што сте го замислиле. Иако може да изгледа како да сте ја отстраниле целата шминка и нечистотија со нив, тоа не се случува кога ги користите.

Зошто марамчињата се погрешен избор?

За да ја отстраните целата шминка и нечистотија од лицето, препорачливо е да користите млеко. По користењето на овие традиционални средства за чистење на лицето, се миете по што имате чисто лице, што не е случај со марамчињата за лице. Оставаат тенок слој на кожата што ја прави леплива и така тоа доведува до затнување на порите и формирање на митесери.

Најчестото прашање што дерматолозите им ги поставуваат на своите нови пациенти кои се борат со акни и митесери на лицето е „што користите за да ја отстраните шминката од лицето“.

Тие се практични, признаваме, се вклопуваат во секоја торба и полесно е да ги имате со вас отколку млеко и средства за отстранување шминка. Сепак, вашата кожа ќе ви биде благодарна ако не ги користите. Марамчињата за лице се како таен непријател во светот на нега на кожата; се чини дека прават она што треба, а всушност само размачкуваат нечистотија по целото лице.

Составот на марамчињата

Со цел подобро да го разберете прашањето за марамчиња за отстранување на шминка од лицето, треба да го разгледате нивниот состав.

Тие обично содржат значителен процент на конзерванси за да се спречи растот на бактерии и габи, бидејќи тие се постојано изложени на воздух. Конзерванси, од друга страна, се знае дека предизвикуваат иритација на чувствителна кожа.

Еколошки неприфатливо!

Марамчињата за отстранување шминка се направени за еднократна употреба, што значи дека не се многу еколошки. Тие се изработени од полиестер или полипропилен кои всушност се форма на пластика.

Прочитајте и: Студената вода го подобрува тонусот и изгледот на кожата

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.