Жените одговараат: Сексот и предиграта треба да траат…

Истражувањата докажаа дека просечното времетраење на сексот е помеѓу пет и осум минути, но дали е тоа доволно за жената да ужива максимално во сексот?

Неколку студии откриле дека кај повеќето парови, сексот трае помеѓу пет и осум минути, не вклучувајќи ја предиграта, што е важно за целосно сексуално задоволство.

Со оглед на бурното темпо на живот во денешно време, не е изненадувачки што уживањето во интимни моменти со партнерот е сведено на неколку кратки минути, но следниве информации треба да ги мотивираат паровите дека размената на нежност и сексуални односи со некој близок не е ограничена на механичко дејство и брза акција.

Имено, за да бидат целосно задоволни и да уживаат максимално во сексот, жените сакаат самиот сексуален чин да трае подолго.

Студија на Журналот за истражување на секс покажа дека жените прво сакаат предигра која ќе трае од 11 до 13 минути, а потоа од 14 до 16 минути сексуален однос од моментот на пенетрација. Ова би значело дека целосниот секс со предигра мора да трае најмалку 25 до 30 минути.

„Јас секогаш ги охрабрувам паровите да уживаат во предиграта што е можно подолго пред чинот на секс. Колку повеќе предигра, толку е повисоко нивото на возбуда и полесно ќе постигнете оргазам“, советува Иан Кернер, терапевт за секс и брак.

Прочитајте и: Секс-експерт ја дава својата прогноза за 2021: Што ќе биде актуелно на полето на сексот

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.