Најубавиот зимски капут од кожа на овца: Син и со ремен како овој на Елса Хоск (ФОТО)

Нова модна комбинација на шведската манекенка во јакната што со задоволство би ја носеле оваа зима.

Што и да кажат, скандинавските девојки се познати по добриот и истенчен вкус.

Ова не се однесува само на локалните девојки што ги следиме низ улиците на Стокхолм и Копенхаген, туку и на супермоделите. А еден од нив е Елса Хоск, која на својот инстаграм-профил го докажува овој факт – манекенката секој ден ги објавува своите стајлинзи што со задовлство би ги копирале!

Меѓу нив е и комбинацијата со најубавата јакна оваа зима – Елса избра капут од кожа на овца во нежносина нијанса со обемна јака од крзно и со ремен што ја истакнува половината.

Елса не ги заборави и деталите – погледнете го нејзиниот маникир во сини тонови!

Фото: Инстаграм

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.