Жената со беспрекорен моден вкус повторно брилира: Зошто секоја жена треба да има капут како Емили Ратајковски?

Хит-капут за есенва

Одберете ја бојата според личниот вкус и остатокот од гардеробата, а кројот според вашата фигура

Вистинската есен пристигна со студените утра и вечери, за кои ни се потребни топли модни парчиња што добро ќе нè згреат.

Капутот е совршено есенско парче, бидејќи освен што нè грее, практичен е и доволно елегантен за да може да се носи во најразлични пригоди. Само треба да одберете трендовска боја што се вклопува во вашиот стил и крој што ѝ ласка на вашата фигура.

Ако ви недостасува инспирација, ви предлагаме да размислите за хит-моделот во кој се вљубила и познатата Емили Ратајковски.

Совршено скроениот капут во боја на коњак од меко крзно ќе ве освои на прв допир! Оваа класична есенска нијанса совршено оди со црна и тегет, а ако сте посмели, слободно облечете ја со темнозелена или окер. Одлично се комбинира и со посветли тонови, како што се различни нијанси на беж.

Емили го понела овој капут храбро со беж-браон каубојки на висока потпетица – фантастично парче што асоцира на топлина, удобност и безгрижност во ледените утра.

Кога сакате да изгледате скапо, облечете сатен: Раскошен материјал што го подигнува стајлингот на повисоко ниво!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.