Фитнес-предизвик: Правете ја оваа вежба секој ден по 1 минута и ќе имате затегнато тело до НОВА ГОДИНА

Променете го телото до Нова година

„Планк“ е една од најтешките вежби, бидејќи ги активира мускулите на целото тело – бидете храбри и прифатете го овој 28-дневен предизвик

Овој фитнес-предизвик трае 28 дена, а подразбира изведување една вежба најмногу до 240 секунди. Иако звучи едноставно, оваа вежба важи за една од најнапорните, бидејќи ги активира сите мускули во телото.

Што е планот? Секоја вечер правете „планк“ во период од 5 дена, а шестиот ден одморајте. Секоја вечер зголемете го времето поминато во „планк“. Шемата треба да изгледа вака:

  • Од првиот до третиот ден: 20 секунди
  • Петти ден: 40 секунди
  • Седми и осми ден: 45 секунди
  • Од деветти до единаесетти ден: 60 секунди
  • Дванаесетти ден: 90 секунди
  • Од 14. до 16. ден: 90 секунди
  • Од 16. до 18. ден: 150 секунди
  • Од 20. до 23. ден: 150 секунди
  • Од 23. до 24. ден: 180 секунди
  • 26. и 27. ден: 240 секунди
  • 28. ден: Додека изгубите снага.
Како се изведува оваа вежба?

Потпрете се на земја со лакти, држете ги нозете и грбот исправени и поставете ги стапалата во ширина на колковите. Исто како да сакате да направите склек, само потпрете се на земјата со подлактниците. Задржете се во таа положба според планот за одредениот ден. Доколку ви е напорно, можете малку да се подигнете на дланките, па повторно да се спуштите, за да го издржите определеното време.

Втора вежба

„Планкот“ на страна ќе ги активира страничните мускули. Потпрете се на едната рака, додека другата ќе ја ставите на колк или ќе ја подигнете високо кон таванот. Нозете треба да ви бидат потпрени една на друга.

Направете ја истата вежба и на другата страна.

Најдобро е што за оваа вежба не мора да одите во вежбалница, не ви треба специјална опрема и подготовка. Сè што ви треба е волја и истрајност 28 дена. Дали го прифаќате предизвикот?

Дотерајте го задникот! 5 суперефикасни вежби што вреди да ги пробате!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.